Аболициите пред Врховен – дали конечниот спас за обвинетите од СЈО ќе биде највискиот суд?

by fokus

Дали конечниот спас поранешните функционери обвинети во случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство ќе добијат од највискиот, Врховен суд. Ова прашање се поставува откако денеска Врховниот суд објави соопштение дека адвокат од Скопје доставил иницијатива за утврдување на правно мислење за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

-Поради интерес на јавноста и медиумите, Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека во Врховниот суд на Република Северна Македонија, доставена е Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, се вели во краткото соопштение на Врховниот суд.

Доколку Врховниот суд би донел позитивен начелен став тоа би значело признавање на аболициите кои ги даде Иванов, а со тоа би се спасиле сите поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешниот премиер, Никола Груевски. Сепак се уште е незивесно како ќе се произнесе највисокиот суд, со оглед на тоа што за случајот „Транспортер“ веќе се изјаснија дека помилувањата на Иванов не важат.

Поврзани новости