Абдуш Демири за нов член на ДИК помина на Комисија, следува гласање на пленарна седница

by Fokus

Со 10 гласа „за“, ниту еден „против“ и 1 „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени да биде нов член на Државната изборна комисија.

Предлогот за нов член на ДИК треба да се гласа на пленарна седница. За изборот на Демири за нов потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници, односно двотретинско мнозинство на гласовите.

Во „трката“ за член на ДИК беше и кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Аријанит Хоџа, кој вчера се повлече поради неговото именување за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда, едно место во ДИК остана испразнето.

Поврзани новости