318
Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити синоќа во емисијата „Топ тема“ на Телма, соопшти дека Абдуш Демири е кандидатот на aлбанскиот опозициски блок „Европски сојуз за промена“ за член на Државната изборна комисија (ДИК).
Меџити рече дека нивниот кандидат ги исполнува условите и ќе се пријави на огласот.
Според него, местото во ДИК мора што поскоро да се пополни за да сопрат шпекулациите дека Владата подготвува нефер избори.
Демири, кој е член на Движењето Беса, во 2020 година беше назначен за директор на Агенцијата за вработување.