Абазовиќ: Убиецот се измешал со полицајците, не се разликувал од инспекторите

by Fokus

Во масовното злосторство во Цетиње на 1 јануари 2025 година загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца.

Оттогаш, бројни функционери на Црна Гора, но и на регионот, изразија сочувство, но и реагираа на информациите кои говореа за претходните дела на Ацо Мартиновиќ и претходните пријави до полицијата за оружје.

Претседателот на Граѓанското движење на УРА, Дритан Абазовиќ изјави дека знае како е пронајден Ацо Мартиновиќ и дека во еден момент „се вмешал во група полицајци“, пишува „Вијести.ме“.

„Во еден момент не можеа да го идентификуваат, не можеа да го разликуваат од инспекторите кои дојдоа. Тој беше во темна јакна и сите се движеа во еден сличен простор. Тогаш двајца извонредни момци, двајца полицајци, забележаа дека сите тие колеги што се таму, тој човек не зборува со никого. При едно обраќање, тој почнал да бега и констатирале дека едноставно се вмешал во групата полицајци што биле повикани“, рече Абазовиќ.

Поврзани новости