Црногорскиот премиер во оставка, Дритан Абазовиќ, побара од новото раководство на Агенцијата за национална безбедност да провери дали агенти на тајните служби го прислушувале во јули, пред потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква, пишува „Вијести“.
Абазовиќ потврдил дека побарал проверка, но истакна дека нема да коментира ништо додека не добие прецизен одговор од Агенцијата.
Претходниот прв човек на АНБ, Саво Кентера, не одговарил на телефонските повици.
Абазовиќ и патријархот на СПЦ Порфирије на 3 август во вила “Горица“ го потпишаа Темелниот договор, без претходна најава.
По потпишувањето, Демократската партија на социјалистите, Социјалдемократската партија, социјалдемократите, Либералната партија и Демократскиот сојуз на Албанците до Собранието поднесоа иницијатива за изгласување недоверба на Владата.