Абазовиќ: Се пробавме на Балканот и војни и катастрофи, ајде да пробаме подобра соработка

by Fokus

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ потенцираше дека е убаво да се видат на иста маса луѓето од регионот кога во Европа има војна.

– Досега се пробавме – војни, хуманитарни катастрофи, конфликти само не пробавме да соработуваме. Ајде да пробаме со поголема флексибилност на граници, подобра бизнис соработка. Иницијативата ја доживувам како многу позитивна – рече Абазовиќ.

На Самиот Отворен  Балкан во Белград, покрај домаќинот Александар Вучиќ, присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, Ефи Рама како и  министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Во рамките на Самитот е и потпишувањето на меморандумите и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Соња Танеска

Поврзани новости