Абазовиќ најавува избори ако нема нова црногорска влада

by Фокус

Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА, Дритан Абазовиќ, кој беше клучен фактор за уривање на владата на Здравко Кривокапиќ, изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада. Доколку тоа не се случи, додаде тој, не гледа зошто да не се одржат нови избори.

На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар, притоа повикувајќи ги колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза.

-Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа – рече Абазовиќ.

Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни.

-А ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија – истакна Абазовиќ.

Тој се споменува како најсериозен кандидат за нов мандатар.

Поврзани новости