Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов

by Fokus

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов, кој се наоѓа во притворското одделение во затворот во Шутка, рече денеска на прес-конференција јавниот обвинител Ислам Абази.

Тој додаде дека Обвинителството го следи настанот и се преземаат дејствија. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Поврзани новости