Јавниот обвинител Ислам Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
-Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, се вели во соопштението од Републичкото јавно обвинителство.
Во барањето што ќе го достави до Советот на јавни обвинители Абази вели дека со оглед на тоа што неговата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители и е пред завршување на Академијата, не сака да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето.
-Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.