Абас одби да разговара со Бајден, лут е поради американската поддршка на Израел

by Fokus

Претседателот на палестинската држава Махмуд Абас одби да разговара по телефон со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Ова се случи за време на посетата на американскиот претседател на Израел, објави утрово израелската телевизија Кан.

Цитирајќи неименуван палестински извор во Рамала, на Западниот Брег, каде што е седиштето на палестинската управа, ТВ Кан објави дека администрацијата на Бајден се обидела да организира телефонски разговор меѓу двајцата лидери, но дека Абас го одбил барањето.

Сепак, тимовите на американската и палестинската управа останаа во контакт, иако Абас е многу лут поради американската поддршка за Израел во војната против палестинската милитантна група Хамас и исто така го откажа очекуваниот состанок со Бајден и арапските лидери на неодамнешниот самит во Јордан.

Поврзани новости