Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го обвини Израел дека извршил „геноцид и етничко чистење“ во Појасот Газа со цел да ја „испразни“ енклавата.
Тој посочи дека ситуацијата е особено загрижувачка во северниот дел на Појасот Газа, каде Израел започна нова офанзива овој месец, пишува The Times of Israel.
Помина цела година од најголемата катастрофа што ја доживеа палестинскиот народ по Накба во 1948 година, а тоа е израелската војна во која се вршат злосторства на геноцид и етничко чистење во Појасот Газа, изјави Абас пред лидерите на БРИКС во Казан.
Тој посочи дека се работи за наводен израелски план за „празнење“ на Газа со убивање на Палестинците, особено преку глад, како што, според него, е случај на северот на енклавата.
Од октомври минатата година, повеќе од 42.000 луѓе се убиени во Појасот Газа, од кои половината се жени и деца, соопшти Министерството за здравство на палестинската територија.