Абас го повика Хамас да преговара за примирје и да размени заложници со Израел што е можно поскоро

by Fokus

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика движењето Хамас да постигне договор за прекин на огнот и размена на заложници што е можно поскоро, со цел да се поштедат Палестинците од нова катастрофа во Рафах.

Тој го употреби терминот „накба“ за катастрофата, што се однесува на етничкото чистење на Палестина во 1948 година, кога беше прогласена Државата Израел и најмалку 750.000 Палестинци беа протерани од нивните домови.

Абас апелираше до Хамас да постигне договор за да се избегне израелски напад врз Рафах што ќе доведе до илјадници жртви, нови страдања и раселување на палестинскиот народ, пренесува Ал Џезира.

Секој што го попречува договорот ќе одговара, рече Абас, додавајќи дека оваа ситуација повеќе не може да се толерира.

– Сакаме да го заштитиме нашиот народ од последиците на сериозна катастрофа што ќе ги снајде, затоа мораме да носиме одлуки во интерес на нашите граѓани и да ги заштитиме… со запирање на агресијата – рече Абас.

Поврзани новости