АМС додели ваучери, Георгиевски незадоволен: Срамно!

by Fokus

Агенцијата за млади и спорт вчера го објави списокот на добитници на годишните ваучери за помош на федерациите од државата. Македонскиот ракометен шампион, Вардар доби најголем ваучер, сумата е 17,5 милиони денари или 284.000 евра, а од федерациите, најголем ваучер повторно доби Ракометната федерација на Македонија, 15,8 милиони денари, второто место и припадна на Кошаркарска федерација на Македонија (КФСМ), која ќе прокнижи 13,8 милиони, а по нив следи Одбојкарската федерација со 11,8 милиони денари.

Изненадувачки е што освојувачот на сребрениот медал од ЛОИ во Токио, Дејан Герогиевски доби само 350 илјади денари, а своето незадоволство го искажа на социјалните мрежи.

„Никако не можам да разберам како било кој друг спортист во овој момент може да има поголема финансиска добивка со спортски ваучер од мојот успех, никој здраворазумен во нашата држава нема да најде здрава логика во ова што беше направено вчера од страна на комисијата за доделување ваучери при АМС. Срамно““, револтиран е таеквондистот.

Поврзани новости