Марјан – Доказ доби нови 30 дена притвор

by Fokus

Сопственикот на веб-порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски доби нови 30 дена притвор, дознава „Фокус“.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Поврзани новости