Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, денеска во собранието рече дека СДСМ има тенденција на „џандаризација“ на новата влада. Тој упати силна критика на ресорот МВР поради скандалите со фалсификуваните пасоши
– И по сето тоа, Оливер Спасовски останува и си ја носи десната рака Славјанка и колешката Грковска кои доаѓаат од МВР, а да не зборуваме за Бисера Костадиновска и нејзиното владиното покривање за биотероризам, рече тој.
Според него, професорот Никола Тупанчевски, кој е кандидат за министер за правда, е единствена светла точка во новата влада.
-Има најчиста биографија, дипломирал на Ломоносов универзитет, што можеби ќе ви направи проблем, да ве третираат како руски шпион овие еуфундаменталисти на Маричиќ. Мачно ќе ви биде во Владата, ќе дојде брзо денот кога ќе ви пукне филмот и ќе си заминете – рече Апасиев.