Од “метлата” не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последица на оставките на министерите за култура и за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, реагираа од Алијансата на Албанците на Зијадин Села.
„Единственото “откритие“ на премиер е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен “трик” за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати. Премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи партиските гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат со наследство. Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам и од неспособните кадри“, стои во партиската реакција.
Од АА истакнуваат дека единствен излез од оваа ситуација се предвремени парламентарни избори.