АА: За само еден месец потрошени се над 20 милиони евра за увоз на струја

by Фокус

Само за месец ноември 2022 година, во отсуство на производство од енергетски капацитети во земјава, преку јавни набавки увезени се 87.000 KWh електрична енергија од добавувачи кои работат во пазарот на енергетиката за над 20 милиони евра, соопштија од Алијанса на Албанците.

„Прогнозите се лоши, бидејќи и во текот на месец декември годинава, во недостиг на производство од енергетските капацитети во земјава, ќе треба да ја обезбедиме потребната количина на снабдување со електрична енергија од увоз, каде што се проценуваат проекциите на прогнозите дека ќе треба да се издвојат од државниот буџет над 30 милиони евра, бидејќи цените на енергетските берзи во Европа деновиве бележат нагорен тренд“, велат од АА.

Од таму додаваат дека околку капацитетите за производство на енергија во земјава работат со полн капацитет, само од термоцентралите, без да се бројат хидроцентралите и ветерните централи, можат да произведат над 19.000 KWh дневно.

„Иако во многу јавни настапи, владините експоненти и лидерите на енергетските постројки во земјава изјавија дека се преземени сите мерки и дека е договорена суровина потребна за целосно пуштање во употреба на енергетскиот комбинат „Битола“ и „Осломеј“, фактите и доказите зборуваат поинаку, бидејќи од трите производни блока во РЕК „Битола“ во најголем број случаи работат два блока, додека РЕК „Осломеј“ најчесто е надвор од функција поради поправка или избегнување на дефекти, а како резултат на неисправноста и недостигот на локално производство, количината потребна за снабдување со електрична енергија се принудени да се обезбедува од увоз“. велат од Алијанса.

Поврзани новости