АА: Владата да ги слушне нашите барања, туризмот на Попова Шапка драстично се намалува

by Fokus 13:54
13:54

Алијанса за Албанците, и покрај фактот што минатата година нејзините
барања не беа земени во предвид, во врска со Попова Шапка, годинава
повторно ги адресира следните барања до надлежните органи, се огласија преку партиско соопштение.

Тие имаат неколку барања упатени до Владата:

- Advertising -

-Владата, со своја одлука, да и го одземе правото за управување на
компанијата ЕЛЕМ, за да оваа компанија нема право на сопственост и
управување на Попова Шапка.
-Владата треба да формира Управен Совет, составен од: 3 члена од
владата, 3 члена од општина Тетово и 3 стручни членови од областа на
туризмот. Од Управниот борд да биде избран директорот за управување со
Попова Шапка.
-Владата треба да одвои ургентен буџет за функционирање на Управниот
совет и вработените кои се вработени на неопределено време.
-При стекнувањето на средствата и активностите на Попова Шапка да им
се даде приоритет на тетовските фирми и инвеститори.

Алијансата за Албанците смета дека овие барања ќе донесат позитивни
промени во оваа туристичка област, од кои ќе има корист не само
локалниот туризам, туку и туризмот на пошироко ниво.

-Нагласуваме дека туризмот во оваа област драстично се намалува секоја
година. Од друга страна, треба да се забележи дека приходите од
туризам заземаат значајно место со значителен удел во вкупните бруто
приходи.
Природната привлечност на Шар Планина, комуникативно-географската
положба и климатските вредности се некои од многуте други позитивни
причини кои ја зголемуваат потребата да се преземат мерки за
подобрување на состојбата во ова област, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости