„Одлуката на Уставниот суд за укинување на `балансерот` е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада. Со оваа одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата“ реагираат попладнево од опозициската Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села.
Од партијата велат „Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата“.
„Неодговорното однесување и често образложението на одлуката, од страна на претставниците на ВРЕДИ, ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на `балансерот`“ е партискиот став.