Денеска бевме сведоци и на еден срамен договор меѓу правосудниот систем и еден од криминалците на двата последователни режими, Сашо Мијалков.
Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради Империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор , реагираат од опозициската Алијанса на Албанците за спогодбата што ја склучи Мијалков.
-За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, додека истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра.
Јавно прашуваме дали Артан Груби се разбирал со Сашо Мијалков, или Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија.
Како и да е епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор, изјави пратеникот од оваа партија, Аднан Незири.