Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер ја презентираше Декларацијата за владините определби, договорена меѓу претседателот на партијата Арбен Таравари и премиерот, Димитар Ковачевски.
-Оваа декларација е камен-темелник на нашата идна работа во рамките на владината коалиција. Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби, за кои со сета енергија ќе се ангажираме до крајот на мандатот. Овој тим ќе биде поддржан од голем број функционери распоредени низ многу дирекции и агенции во сите области од јавниот живот.
Приклучувањето на Алијанса за Албанците во Владата се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога Северна Македонија се соочува со голем број на кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата. Алијанса за Албанците ја презема одговорноста како државотворна партија, убедена дека со искреност и чистота, со транспарентност и демократија ќе произведеме вредности и резултати, за доброто на граѓаните и за доброто на економијата, демократијата и правдата во Северна Македонија, соопштуваат од партијата.