АА: ДУИ ја заробила државата, повикува цариници во партиското седиште

by Фокус

Алијансата за Албанците на Зијадин Села ја обвини ДУИ за злоупотреба на администрацијата откако вработени во Царинската управа оддржаа средба со функционери на ДУИ во седиштето на партијата.

-Политички функционери со државни функции вработените во царинската управа ги канат во партиското седиште на ДУИ за да ги кажат нивните проблеми, а не во нивните службени државни канцеларии. Дека ДУИ ја заробила државата и институциите говори сликата со цариниците Албанци вработени во чувствителен сектор и кои треба да и служат на државата, на царината, на граѓаните, а не да бидат користени како партиски војници за партиски цели – рече портпаролот на АА Флакрон Беџети.

Тој ги повика вработените во администрацијата да не дозволат да бидат манипулирани од ДУИ, туку, како што порача, нивните функции да ги стават во служба на граѓаните.

Поврзани новости