АА: ДУИ го награди Мијалков со тригодишен одмор во струшкиот затвор

by fokus

Алијанса за Албанците ја повикува ДУИ да го прекине наградувањето за, како што велат, нивниот шеф Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, кој се спогоди со Обвинителството и треба треба да лежи во затвор три години во отвореното одделение во Струга, откако ја смени адресата на живееење во Охрид.

-Последователните олеснувања и услуги за Мијалков неодамна кулминираа со тригодишен одмор во струшкиот затвор.

Само во Северна Македонија можете да крадете од граѓаните, да ја злоупотребувате моќта, да станете милионер и на крај да бидете помилувани, амнестирани и наградени со смешни казни и луксузно сместување.

Сето ова се случува благодарение на сегашниот хибриден режим, а особено на ДУИ, кои ги слушнавме и во прислушуваните разговори кои ги контролираат судиите и обвинителите кои ги именуваа заедно со Мијалков и Јанкуловска, реагираат од Алијанса.

Поврзани новости