86
Преку партиско соопштение денеска Алијанса за Албанците предупредува дека во Македонија ќе се случи биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците, бидејќи во новата влада само четири министерства ќе ги водат албански министри.
– Во текот на овие три децении, Албанците воделе најмалку 5 од 15 министерства, потоа 6 од 15 ресори и на крајот 8 од 16 министерства, без министрите без ресор и вицепремиери. Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства во најавената влада од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства – стои во соопштението од АА на Зијадин Села.
Според нив, ситуацијата ќе била уште полоша бидејќи, како што наведуваат, ќе се носат законски измени за да бидат 4 министерства за Албанците од 19 ресори.