Градоначалникот Шилегов повикан „на мегдан“

by fokus

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е повикан „на мегдан“. Оваа информација на фејсбук ја сподели пратеникот во оставка, Павле Богоевски.

-„На мегдан“ продолжува, друштво. Следен кој е повикан да се соочи со прашањата на граѓаните е Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, објави Богоевски на фејсбук.

Од граѓанската иницијатива НаМегдан истакнуваат дека продолжуваат со директно прозивање и соочување со функционерите.

-Платформата #НаМегдан ќе продолжи да дејствува како граѓанска алатка за комуникација со надлежните институции и лица, каде заинтересираните ќе добијат директен одговор на клучните прашања.

Во текот на дебатата пред, но и по претседателските избори, стана очигледно дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните се сложени и дека најчесто надлежноста за нивното решавање е поделена помеѓу различните институции на централно и на локално ниво. Улогата на локалната самоуправа во тие процеси често е само делумно претставена во јавноста и граѓаните немаат прилика да добијат доволно аргументирани информации за прашањата кои им се од големо значење во секојдневниот живот.

Во контекст на повикување човек, кој е директно е најчесто прозиван за прашања од локално значење за граѓаните, одлучивме да го повикаме #НаМегдан Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Доколку прифати, ќе утврдиме конкретен датум и место согласно неговата агенда.

Во меѓувреме, ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, кои би сакале прашањата да им бидат одговорени #НаМегдан од Градоначалникот Шилегов, да ги постават на платформите Facebook и Twitter , а своето прашање да го означат со #НаМегдан или #NëMejdan. Потоа, ние ќе ги собереме прашањата и ќе го повикаме Градоначалникот директно да ги одговори. Методологијата на собирање и поставување на прашањата останува иста како минатиот пат и потсетуваме дека нема да пренесуваме прашања кои содржат навредлив говор или говор на омраза, појаснуваат од граѓанската организација.

Поврзани новости