Директорот на А.Д. Топлификација, Димитар Хаџи-Мишев, денеска со допис до медиумите реагираше на постапката за стечај на компанијата ТЕ-ТО АД Скопје, која според него е лажен стечај со цел да се отпишат долговите кон Топлификација.
-ПРИЧИНА ЗА ОВОЈ СУДСКИ ПРОЦЕС ВО КОЈ ФИРМАТА ТЕ-ТО АД ПРЕДЛАГА СТЕЧАЈ САМАТА НА СЕБЕ Е ПРЕСУДА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РМ ОД 27.12.2017 ГОДИНА, ВО КОЈА ВРХОВНИОТ СУД ГО ПРИФАЌА БАРАЊЕТО НА ТОПЛИФИКАЦИЈА АД ДЕКА ЗАЕМИТЕ ДАДЕНИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА АД НА ТЕ-ТО АД ВО ПЕРИОДОТ НА ГРАДБА НА ОБЈЕКТОТ СЕ ДОСТАСАНИ И ТЕ-ТО АД ТРЕБА ДА И ПЛАТИ НА ТОПЛИФИКАЦИЈА АД ОКОЛУ 6,2 МИЛИОНИ ЕВРА ГЛАВЕН ДОЛГ, А СО КАМАТА ДО 01.03.2018 ГОДИНА ТЕ-ТО АД ТРЕБА ДА ПЛАТИ НА ТОПЛИФИКАЦИЈА АД 11,4 МИЛИОНИ ЕВРА.
СО ОГЛЕД ДЕКА ОВАА ТУЖБА НА ТОПЛИФИКАЦИЈА АД Е ЗА ДЕЛ ОД ЗАЕМИТЕ ДАДЕНИ ВО ПЕРИОДОТ НА ГРАДБА НА ОБЈЕКТОТ, ВКУПНИОТ ДОЛГ НА ТЕ-ТО АД КОН ТОПЛИФИКАЦИЈА АД ЌЕ БИДЕ НАД 30 МИЛИОНИ ЕВРА СО КАМАТИ ПРЕСМЕТАНИ ДО 01.03.2018 ГОДИНА, вели Хаџи-Мишев.
Според А.Д. Топлификација, барање за стечај на ТЕ-ТО поднела компанијата БИТАР ХОЛДИНГС ЛИМИТЕД (БТХ), која е главен акционер во ТЕ-ТО со 89 отсто од акциите. За да има основа за покренување на стечајна постапка, направена е измама во која се вклучени компанијата БТХ, извесен нотар и државни институции, тврди директорот на Топлификација.
Според него, ТЕ-ТО и доверителот БТХ (кој воедно е и мнозински сопственик) ги смениле датумите на доспевање на заемите дадени од БТХ, со цел тие да бидат достасани и со така достасани долгови да се направат извршни исправки на нотар и потоа со нив да се блокираат сметките на ТЕ-ТО и да се создадат услови за стечај.
ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД БЕЗ ДА ГИ ЗЕМЕ ВО ПРЕДВИД СИТЕ ПОГОРЕ НАВЕДЕНИ НЕЗАКОНИТОСТИ СО КОИ Е РЕАЛИЗИРАН ПРЕДЛОГОТ ЗА СТЕЧАЈ НА РОЧИШТЕТО ОДРЖАНО НА 05.06.2018 ГОДИНА ЈА ЗАТВОРА РАСПРАВАТА И ЗАКАЖУВА ГЛАСАЊЕ НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ЗА 14.06.2018 ГОДИНА.
БИТАР ХОЛДИНГ ЛИМИТЕТ КАКО НАЈГОЛЕМ ДОВЕРИТЕЛ, НО И ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНА ВО ЦЕЛИОТ ОВОЈ ПРОЦЕС НА ЛАЖЕН СТЕЧАЈ, ГО ОДОБРУВА ПЛАНОТ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВО КОИ СЕ ОТПИШУВААТ ДОЛГОВИ НА ТЕ ТО АД ОД НАД 152 МИЛИОНИ ЕВРА. ТРИ ДОВЕРИТЕЛИ, ТОПЛИФИКАЦИЈА АД, КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД И ТУРСКАТА ФИРМА ГАМА ГУЧ, КОИ ПОРАДИ ОВОЈ ЛАЖЕН СТЕЧАЈ ТРЕБА ДА ОТПИШАТ ОКОЛУ 40 МИЛИОНИ ЕВРА, ПОДНЕСУВААТ ЖАЛБИ ДО АПЕЛАЦИОНИОТ СУД, објаснуваат од Топлификација.
Тие обвинуваат дека иницијаторот на стечајот БТХ воопшто и не доставил одговор на поднесените жалби, а Апелација истите ги одбила со образложение дека нема законска можност да ја оценува содржината на предлог-стечајот и условите за стечај.
-СО ПОТВРДУВАЊЕТО НА ОДЛУКАТА НА ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД И СО ОДБИВАЊЕТО НА ЖАЛБИТЕ НА ОШТЕТЕНИТЕ ФИРМИ ВО УСЛОВИ КОГА АПЕЛАЦИОНИОТ СОВЕТ ГИ ИМАЛ СИТЕ ФАКТИ ЗА НЕЗАКОНИТОСТИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРВОСТЕПЕНАТА ПОСТАПКА АПЛЕЦИОНИОТ СОВЕТ НАПРАВИЛ УШТЕ ПОГОЛЕМА НЕЗАКОНИТОСТ ОД ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД БИДЕЈЌИ НЕГОВАТА ОДЛУКА Е КОНЕЧНА.
ЦЕЛОКУПНИОТ ТЕК НА ПРОЦЕСОТ И СИТЕ АКТИВНОСТИ РЕАЛИЗИРАНИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС УКАЖУВААТ НА ОРГАНИЗИРАНА СТРУКТУРА ВО КОЈА ОСВЕН ТЕ ТО АД СЕ ВКЛУЧЕНИ И ДРУГИ СУБЈЕКТИ ЗАКЛУЧНО СО ОДРЕДЕНИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ, вели директорот Хаџи-Мишев.
За целиот случај, АД Топлификација утре во 10 часот ќе одржи прес конференција во своите простории.