1.4K
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против ковид-19. Tој ја прими кинеската вакцина на „Синофарм“.
-Ништо не почувствував, како да не сум примил вакцина“, рече Вучиќ откако медицинската сестра ја аплицираше вакцината.
Вакцината ја прими во Рудна Глава, кај Мајданпек, во Здравствениот дом „Д-р Верољуб Цакиќ“.
Во Србија вчера пристигна нов контингент кинески вакцини од „Синофарм“. Контингентот од 500 000 дози беше пречекан на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор Чен Бо. Претходно, пристигнаа уште околу 106 000 дози од вакцината на „Фајзер“. Во Србија се користат четири вакцини: „Фајзер“, „Спутник В“, „Астра Зенека“ и „Синофарм“.