Пред Општина Гостивар отстрането државното знаме пред Денот на албанското знаме

by irena 14:22
14:22

Отстранување на државно знаме поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“ било пријавено во полицијата.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Полициска екипа извршила увид на местото на настанот, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Засега нема дополнителни информации за тоа кој го отстранил знамето и под кои околности се случил настанот.

Слични вести