Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Тешка кражба“ според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.
Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 26 ноември во Тетово, кога оштетената седела пред кафетерија и пиела кафе, а чантата ја оставила на столицата до себе.
Осомничениот ѝ се заканил со нож и ѝ ја одзел чантата. Потоа, додека се оддалечувал од местото, од чантата го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја.
Продолжувајќи да ѝ се заканува со ножот, осомничениот избегал од местото на настанот.
Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор за осомничениот.