1
Маскирани разбојници денеска, сред бел ден, влегоа во златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде украдоа поголема количина златен накит.
View this post on Instagram
На видеото објавено од телевизијата Алсат, а кое е снимено од безбедносните камери во златарницата, се гледа дека разбојниците влегуваат во дуќанот со скала, а потоа го крадат накитот од витрините и шкафовите.
На видеото се гледа дека грабежот е во 13.25 часот, а според неофицијалните информации, истиот е извршен додека вработениот во златарницата бил на петочна молитва во џамија.