„Ниту една повеќе“ ги повика граѓаните на протест, но забрани партиски членови и функционери

by vlatko 11:20
11:20

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ упати повик до граѓаните да излезат на протест, притоа објавувајќи забрана за присуство на партиски членови, како и на сегашни и поранешни министри и премиери.

Во својот повик објавен на социјалните мрежи, иницијативата се оградува од политичко влијание и порачува дека нема да дозволи феминистичкиот отпор да се користи како партиски декор.

Во соопштението се упатуваат низа квалификации на сметка на политичарите и партиските структури, нарекувајќи ги „партиски хиени“, „политички мршојадци“, „институционални паразити“ и „лицемерни профитери“.

Од „Ниту една повеќе“ ги повикуваат на улица сите граѓани и граѓанки кои се чувствуваат изневерени, понижени, повредени, обесправени и огорчени од системската негрижа и празните ветувања, за, како што велат, им покажеме дека ние сме слободата.

Инаку, денешниот повик од „Ниту една повеќе“ доаѓа по протестот што се одржа во средата, а на кој се побара итна институционална одговорност и навремена заштита на жртвите на родово базираното насилство. На протестот беа забележани неколку поранешни и актуелни политичари.

Организаторите посочија дека протестот е против институциите коишто цела година молчат.

Слични вести