За денеска се најавува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе бидат над нула и ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 6 до 12 степени.
Во Скопје се очекуваат повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо.
Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни.
Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег.
На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места.
Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.