(ВИДЕО) Цистерна со гориво експлодираше во близина на Каиро – загинаа најмалку 30 лица

by irena 22:24
22:24

Најмалку 30 лица загинаа, а 19 се повредени откако цистерна што превезувала нафтени деривати се превртела и се запалила во египетската провинција Гиза, соопшти денеска Министерството за здравство.

Пожарот избувнал над Тунелот 10, во близина на обиколницата околу Каиро, соопштија од Министерството, пренесува Си-Ен-Ен.

На местото на несреќата биле испратени 39 возила на брза помош, а повредените биле пренесени во три болници, информираа од Министерството.

Египетското Министерство за нафта претходно соопшти дека цистерната, која била во сопственост на приватна компанија, излетала од патот и се судрила, по што експлодирала.

На снимките објавени од египетскиот информативен портал „Ал Арабија“ се гледа голем пожар што зафатил возила на пат во близина на Каиро, додека густ црн чад се издига над областа.

 

Слични вести