2
Неколку стотини граѓани попладнево започнаа мирен протестен марш во центарот на Скопје на кој се бара строго санкционирање на фемицидот.
Демонстрантите кои од центарот на Скопје се упатуваат кон Министерството за внатрешни работи им дадоа рок на парламентарците до 10 декември за строго санкционирање на фемицидот.
Таму протестот ќе заврши со симболично импровизирано создавање на гробно место како алузија на жртвите.
З.Ф. / О.К.