1
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член.353 од Кривичниот законик како и против правен субјект- Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, негова сопственост.
Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани“.
Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс.