Јаневска: Студентскиот оброк треба да биде 156 денари

by irena 15:48
15:48

Надоместокот за студентски оброк треба да изнесува 156 денари, според пресметките на Министерството за образование и наука врз основа на инфлацијата објавена од Државниот завод за статистика.

Министерката за образование Весна Јаневска рече дека законските одредби не се доволно прецизни, поради што се појавиле различни правни толкувања за висината на надоместокот. Јаневска потврди дека пресметките покажуваат износ од 156 денари, но нагласи дека Министерството ќе постапи според одлуката на судот.

До Министерството веќе пристигнале три тужби од Управниот суд, а постапките се во тек.

„Како ќе одлучи судот, така ќе постапиме“, рече Јаневска.

Слични вести