Зеленски: На средба меѓу Украина, Европа, САД и Русија сме подготвени уште утре

by irena 15:34
15:34

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека преговори меѓу Украина, Европа, САД и Русија се можни пред Божиќ, на 25 декември.

„Треба да се направи сè што е можно за да се осигура дека средбата меѓу Украина, Европа, Америка и Русија ќе се одржи што е можно поскоро. Ние сме подготвени уште од утре. Нашите партнери нè информираа дека сакаат средбата да биде пред Божиќ. Се надеваме дека тоа ќе биде и порано“, изјави Володимир Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Зеленски додаде дека средбата треба да има „јасна агенда“, подготвена и одобрена од сите страни.

„Солидните заеднички подготовки ќе ни овозможат да постигнеме уште подобар исход“, рече Зеленски, обраќајќи се преку видео-врска на 72-рата годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин.

Претседателот на Украина, исто така, ја нагласи својата желба за пристапување кон НАТО.

„НАТО е решението, а со силна украинска армија, и самиот НАТО неизбежно ќе стане посилен“, смета Зеленски.

Слични вести