Во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода денеска се одржува 35-тата годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“.
На конференцијата присуствуваат членови, активисти и претставници на младинската организација, а предвидени се обраќања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, како и на претседателот на Унијата на млади сили, Тодор Конески.
Овогодишната конференција се одржува под слоганот „Нашата генерација – нашата Македонија“, со кој во фокусот се става улогата на младите во општествените и политичките процеси, нивното учество во креирањето на иднината на државата и предизвиците со кои се соочува младата генерација.
35-тата годишна конференција претставува редовен собир на младинската организација, на кој се отвораат прашања поврзани со нејзиното функционирање, активностите и идните насоки на делување.