2
Силниот ветер којшто дува вечерва веќе предизвика материјални штети. На патниот правец Гостивар-Стража-Кичево кај клучката Гостивар има паднато семафор и канделабра, а на истиот патен правец на неколку места има и паднати дрва на коловозот.
Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патните правци.
Паднато дрво имало и на патниот правец Скопје – Тетово пред Карпалак, а паднати дрва има и на регионалниот пат Тетово – Скопје.
Се апелира до возачите на внимателно возење, прилагодување на брзината кон условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.