1
Автомобил се запалил на паркингот во трговскиот центар „Кам мол“, по што густ чад почнал да излегува од гаражите.
Според сведоци, станува збор за автомобил „фиат пунто“, кој од засега непознати причини се запалил во паркинг-просторот.
Веднаш по избувнувањето на пожарот се активирале противпожарните аларми во трговскиот центар.