На студентите нема да им се дозволи во живо да ја следат утрешната конститутивна седница на српското собрание

by jadranka 18:22
18:22

Со одлука на генералниот секретар на Народното собрание на Србија, за утре на студентите им е одбиено присуството на конститутивната седница од галеријата на Големата сала, објавија студентите, наведувајќи дека и покрај одлуката, ќе бидат пред парламентот, објави „Н1“.

Одлуката не нè спречува да бидеме пред Собранието! Едвај чекаме да ве видиме“, напишаа студентите на мрежата „Икс“.
Претходно денеска, студентите на социјалните мрежи повикаа на собир утре, 17 ноември, од 8 часот наутро во Пионерскиот парк, со цел, како што наведоа, да ги испратат кандидатите од Студентската листа список пред нивното заминување во Народното собрание.

Конститутивната седница на Собранието на Србија е закажана за утре, 17 ноември.

На неа треба да се потврдат мандатите на пратениците, да се изберат претседателот и потпретседателите на парламентот и да се назначи генералниот секретар.

По правило, на првата седница се избираат и членови на работни тела и постојани парламентарни делегации во меѓународни институции.

Слични вести