(ВИДЕО) Најмалку 10 загинати во две верижни сообраќајки од 50 возила на автопат во Бугарија

by irena 10:25
10:25

Најмалку 10 луѓе загинаа, а десетици се повредени во две верижни сообраќајни несреќи со над 50 возила на автопатот „Тракија“ во Бугарија.

11 од повредените се хоспитализирани во тешка состојба, а спасувачките екипи сè уште работат на извлекување на заглавените патници.

Според сведоштво на еден од учесниците во несреќата, поради густата магла видливоста била најмногу 30 метри.

Во несреќите учествувале повеќе од 50 возила, меѓу кои автомобили, автобуси и камиони.

Еден камион излета од коловозот и се преврте.

Првата несреќа е пријавена околу 7:10 часот, во правец кон Бургас.

Слични вести