„Имало обид за средба во август годинава, според она пто го објави Оливер Андонов. Да бидам искрен, таква информација стаса и до мене пред околу месец и половина , но немав некои поконкретн и детали. Единствено што знам е, дека во игра се истите дваца митрополити за кои самиот Андонов вели дека требале да бидат на таа средба. Зошто пропаднала – не би можел да кажам, но факт е дека вкличени во овој обид за дијалог се митрополитите Петар и Гругоиј“, ја коментира во видео разговор за „Фокус“ новинарот, основач на порталот религија.мк и одличен познавач на црковните прилики Марјан Николовски, информацијата што излезе утрово (09.11.2026) дека имало сериозен обид за целосна нормализација на односите со Вселенската патријаршија и заокружување на прашањето за МПЦ – ОА, кој пропаднал во последен момен.
Николовски посочува дека поважно од дилемата дали МПЦ пропушта можност да го заокружи конечно својот статус и целосно да се интегрира во правиославниот свет, е прашањето зошто во игра биле митрополитите Петар и Григориј, бидејќи станува збор за личности кои се дел од групацијата која повеќе од четири години организирала хајка против дел од медиумите и новинарите, вклучувајќи го и него, но и против дел од владиците кои во тој период зборуваа отворено дека МПЦ е далеку од статусот на целосна автокефалност, а прашањето мора да се заврши пред Фанар.
„ Важно е дека и Петар, Григориј и целата таа групација е целосно свесна дека состојбата во која се наоѓа МПЦ е далеку од целосно завршено прашање. И, тоа е многу важен чекор. Што се случувало не знам, но ако сето тоа е вистина, тогаш причината за неуспехот во позадина треба да се гледа во Москва. На Петар многу добро му се познати условите од Фанар, а тоа е дека – дијасппората никогаш не била тема на дневен ред. Исто како што за внатрешна употребата името на МПЦ – ОА останува и нема промена на црковниот устав. И, тоа јас го пишувам во последните пет години. А, во јавноста тој создаваше еден лажен патриотизам дека Вселенската патријаршија нешто бара од нас“ потенцира Николовски.
Во разговорот тој се осврнува и на тоа зошто Цариград се обратиле директно до Петар и го поканиле на разговори, како и тоа што треба да следува за да не се доведе Црквата во ситуација да не го добие посакуваниот статус во православниот свет – целосната автокефалност.
Подготвиле:
З.Фиданоски – О.Костов