Претседателката на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Република Србија, Ана Брнабиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека конститутивната седница на парламентот ја закажала за 17 ноември.
-Седницата ќе започне во вторник, 17 ноември, во 10 часот. Ќе ве потсетам дека на 5 ноември, РИК го донесе вкупниот извештај за резултатите од изборите, а на 6 ноември извештајот за мандатите, кој беше доставен до Собранието, со што се исполнија условите за одржување на седницата – рече Брнабиќ.
Таа посочи дека на дневниот ред на конститутивната седница ќе има шест точки – потврдување на мандатот на пратениците, избор на претседател и потпретседател на Народното собрание, назначување на генерален секретар, избор на членови на работните тела на парламентот и постојани парламентарни делегации во меѓународни институции.
-До изборот на нов претседател, седницата ќе ја води најстариот пратеник, професор Стојан Раденовиќ – рече Брнабиќ, додавајќи дека се надева оти и со новиот парламентарни состав Собранието ќе биде место на меѓусебно почитување, сериозна дебата и одговорно одлучување.