(ВИДЕО) Хаос на улиците во Франција – илјадници демонстранти на протести, полицијата стравува од насилство во Париз

by irena 14:10
14:10

Илјадници луѓе започнаа протестни маршеви во неколку француски градови, меѓу кои Кан, Лион, Марсеј и Нант, додека за Париз се најавуваат можни сериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Според податоците на француското Министерство за национално образование, до 10 часот наутро биле блокирани 81 средно училиште, што претставува 2,2 отсто од вкупниот број, објави телевизијата БФМ (BFM TV).

Сепак, синдикатот на средношколци наведува дека повеќе од 1.000 училишта се во прекин, било поради блокади или поради административни одлуки за нивно затворање.

Париската полициска префектура предупреди дека меѓу 400 и 600 припадници на радикални крајно левичарски движења, насилни демонстранти и вандали би можеле да се инфилтрираат во протестните маршеви во главниот град.

Во известување испратено до разузнавачките служби, полицијата процени дека долж целата траса на демонстрациите, а особено на местата каде што учесниците ќе завршат со протестот и ќе се разотидат, може да дојде до сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, насилство и материјална штета.

 

Слични вести