1
МВР информира дека вчера попладне во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(27) од Скопје.
За него има пријава дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници, како и возачот на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило.
Откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.