Со камион удри во полициско возило и нападна полицајци – кривична за арачиновец

by irena 13:00
13:00

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С.(27) од с. Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што информираат од полицијата, на 29. септември годинава во с. Отља, Општина Липково, пријавениот на даден знак за запирање, не застанал и со товарно возило удрил во службено возило на МВР, а потоа физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

Слични вести