Привремениот администратор од НБРМ, Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка

by irena 11:28
11:28

Илија Андовски кој е привремениот администратор на Алта банка, назначен од НБРСМ, им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката, дознава порталот „Трилинг“.

Илија Андовски е долгогодишен кадар на Народната банка и банкарски експерт. Според податоци за вработените во Народната банка од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање.

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Со решението од 1 ноември, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на управните тела и Собранието на акционери, со исклучок на одлуките за зголемување на капиталот.

Тројцата експерти од Народна банка ќе имаат рок од 21 ден да ја утврдат финансиската состојба на банката и да достават извештај до Народната банка. Во периодот на нивното управување со Алта банка, воведени се ограничувања за располагање со средствата.

Слични вести