Нов рекорд во Лигата на шампионите: Јамал го симна Мбапе од тронот

by irena 09:39
09:39

Ламин Јамал испиша историја.

Синоќа, Барселона оствари нова победа од 3:0 против Астон Вила во Лигата на шампионите на стадионот „Камп Ноу“, а првиот гол на натпреварот го постигна токму Ламин Јамал.

Токму тој погодок го издигна Јамал на самиот врв на листата на стрелци во Лигата на шампионите во категоријата тинејџери.

Фудбалерот на Барселона стана најефикасниот играч помлад од 20 години во историјата на ова натпреварување, откако го постигна својот 14-ти гол. Досега, на врвот беше Мбапе со 13 погодоци.

Зад него останаа Халанд (10), Џастин Клајверт (7), како и Раул, Бензема и Белингам (6).

Инаку, пред Јамал е цела сезона во која може дополнително да го подобри овој учинок, бидејќи тој ќе наполни 20 години дури во јули 2027 година.

Слични вести