Голема акција во Косово – запленети 37 кг хероин, уапсени се 5 лица

by irena 09:34
09:34

Во Косово се запленети 37 килограми хероин, а уапсени се пет лица.

Министерот за внатрешни работи на привремените институции во Косово – Џељаљ Свечља, изјави дека пазарната вредност на запленетиот хероин изнесува повеќе од половина милион евра.

„Петмина осомничени се уапсени за кривичните дела учество во организирана криминална група и неовластено купување, поседување, дистрибуција и продажба на наркотични дроги“, додаде Свечља во објава на Фејсбук.

Локацијата каде што е запленета дрогата не е прецизирана.

Слични вести